Jdi na obsah Jdi na menu
 


17. Шабат (Сабота)

שַׁבָּת

Четвртата заповед ни наредува да го памтиме денот Шабат, во кој не работиме никаква работа и го посветуваме како ден посветен од Бога

Зборот Шабат שַׁבָּת значи денот на одмор и е изведен од Хебрејскиот корен шавот שָׁבֹת кој значи да одмориш, да престанеш да работиш.


Овој празник е воспоставен за спомен на фактот дека Бог ги создаде небото и земјата и се што е во нив за шест денови и дека Тој одмараше во текот на седмиот ден.

Во овој ден секаква работа е забранета и го посветуваме денот Шабат за служба на Бога во кенаса (караитска синагога), каде што ги читаме молитвите составени за овој ден.