Jdi na obsah Jdi na menu
 


25. Празникот Сукот (Сеници)

Празникот на Сениците почнува на 15-тиот ден од месецот Тишри и трае 8 дена.

Овој празник бил воспоставен како подсетување на 40 годишното патување на нашите предци низ пустината, каде што живееле во шатори (сеници) סֻכּוֹת.

Првиот и последниот ден од овој празник се денови коа собирот има богослужба и секаква работа (освен припремање храна) е забранета, останатите 6 денови се полу-празници חֹל הַמֹּעֵד хол ха-моед. Во текот на овие 6 денови дозволено е да се работат најнеопходните работи.

Последниот ден е ден на собир и наречен е שְׁמִינִי עֲצֶרֶת Шемини Ацерет, затоа што на овој ден луѓето допатувале во Ерусалим, каде што го слушале читањето на Тората.

Овој ден е исто така познат и како שִׂמְחַת תוֹרָה Симхат Тора - Радување во Тората, затоа што секоја Сабота ние читаме еден дел од Тората - פָּרָשָׁה параша, а во овој ден го читаме последниот дел од Тората и почнуваме да ја читаме Тората од почеток.

Караитите сега Сукот го слават вака:

Во текот на богослужбата тие додаваат на вообичаените молитви, молитви специјално составени за овој празник.

Седум дена, наутро и навечер после богослужбата, заедницата се преместува во општествената סֻכָּה сука (шатор или сеница), која се наоѓа во дворот на кенасата (синагогата)

Шаторот (сеницата) е декориран со разлистани гранки и разни видови на овошје.

Во шаторот (сеницата) ја читаме кратката молитва која се пее.