Jdi na obsah Jdi na menu
 


21. Песах (Пасха)

Песах (Пасха) פֶּסַח
Хаг hа-Мацот (Празник на Бесквасните лебови) חַג הַמַּצּוֹת

 
Овој празник започнува вечерта од 14от ден од месецот Нисан и трае 7 дена, се до вечерта од 21от ден од истиот месец.

Првиот и последниот ден се свет собир и во текот на овие денови секаква работа е забранета, со исклучок за спремање на храна. Деновите измеѓу првиот и последниот ден се חֹל הַמֹּעֵד хол hа-моед - што значи мали празници (за време на овие 5 дена само неопходна работа е дозволена).

Празникот бил воспоставен во спомен на ослободувањето на нашите предци од ропството во Египет.

Древните Израелци немале доволно време да спремат леб со квасец за нивното патување, па морале да спремат леб од бесквасно тесто во облик на рамни лебови. Затоа е одредено да се јаде бесквасен леб מַצָּה маца, во текот на седумте денови од Пасхата. Поради оваа причина ние исто така го нарекуваме овој празник Хаг hа-Мацот (Празник на Бесквасните лебови).

Бесквасниот леб се пече од бесквасно тесто и без сол, пред почетокот на Пасхата. Пред него што започне овој празник потребно е да се исчисти целата куќа и сите садови и чинии кои некогаш имале квасец, חָמֵץ хамец, во нив.

На првата вечер од празникот после службата во кенаса (синагога), Караитите ја читаат Хагада הַגָּדָה во своите домови. Хагада е приказната за избавувањето на нашите предци од Египет. Оваа приказна ни зборува за значењето на Пасхата.

Караитите јадат бесквасен леб и горчлив зеленчук, кој нѐ потесеќа на горчливиот живот на нашите предци во Египет.